Земјоделство, шумарство и рибарство (32)
Рударство и вадење на камен (8)
Преработувачка индустрија (320)
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (16)
Снабдување со вода; Отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (18)
Градежништво (178)
Трговија на големо и трговија на мало; Поправка на моторни возила и мотоцикли (946)
Транспорт и складирање (335)
Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (91)
Информации и комуникации (66)
Финансиски дејност и дејности на осигурување (10)
Дејности во врска со недвижен имот (35)
Стручни, научни и технички дејности (137)
Административни и помошни услужни дејности (62)
Јавна управа и одбрана; Задолжително социјално осигурување (0)
Образование (18)
Дејности на здравствена и социјална заштита (76)
Уметност, забава и рекреација (14)
Други услужни дејности (68)
Дејности на домаќинствата како работодавачи; Дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби (0)
Дејности на екстратериторијални организации и тела (0)

 

БАДЕЛ 1862 АД Скопје

БАДЕЛ 1862 акционерско друштво за внатрешна и надворешна трговија Скопје

Трговија на големо со пијалаци
Шифра на дејност: 46.34
Место: СКОПЈЕ - ГАЗИ БАБА
Општина: ГАЗИ БАБА

Адреса: 15-ТИ КОРПУС бр.2
badel1862.com.mk
office@badel1862.com.mk
Телефон: 02/3173-838
Факс: 02/3175-114


Бадел 1862 АД Скопје е лидер на македонскиот пазар за алкохолни пијалоци и завзема околу 50% од целокупниот увоз на алкохол во Република Македонија. Со директната дистрибуција и синхронизираната реакција за потребите на потрошувачите, овозможен е углед на “домашна” компанија бидејќи жителите на Македонија го доживуваат Бадел како сопствен домашен бренд. Основната дејност на компанијата е продажба и дистрибуција на јаки алкохолни пијалоци, при што најголемиот дел од реализацијата и потрошувачката (79%) се остварува во on-trade секторот. Производите кои ги дистрибуира Бадел 1862 АД Скопје се неизоставен дел од асортиманот на сите локали и трговски ланци. Понудата опфаќа повеќе од 120 производи од светски брендови јаки алкохолни пијалоци, вино, узо, природни сокови, кафе и чаеви Компанијата е основана во 1991 година како Бадел трејд, а во согласност со тековните економски трендови во 1997 година го променува својот назив во Бадел ДОО Скопје, за во 2007 да добие структура на акционерско друштво, како и името Бадел 1862 АД Скопје. Определбата на компанијата е насочена кон продолжување и развивање на традиционалните вредности и квалитети на производите и услугите, преку прифаќање и спремност за спроведување на новите идеи и современи принципи на развивачки менаџмент. Основната насока на развој е постигнување на вековна препознаеност која е карактеристична за матичните брендови, континуиран раст и имплементација на новите начини на маркетиншко и менаџерско работење. Тоа подразбира негување на односите со своите добавувачи и партнери, воспоставување на нови релации, унапредување и комплетирање на својата понуда во функција на задоволување на сензитивните потреби на секој купувач и краен потрошувач. Интерактивноста на развојот подразбира и унапредување на извозот на квалитетно вино и суровини, поддржување на законските реформи и регулативи, спроведување на највисоките лиценцирани стандарди на работење и определба за промовирање на здрав начин на живеење преку поддржување на спортскиот дух. Политиката за квалитет на Badel 1862 има цел да постигне задоволство на клиентите и деловните партнери. Желбите и потребите на потрошувачите директно и континуирано влијаат на подобрување на квалитетот на производи и услуги и нивно прилагодување на сите македонски закони, како и прописите на ЕУ и сите земји со кои ние работиме. Обучените експерти со сертифицирани процеси постојано ја следат здравствената исправност на производите, од влезот на суровини и производи преку производството и манипулацијата на со производите, до доаѓањето на производот на полиците. Сите наши производи и бизнис процеси се базираат на принципите на квалитет и добар менаџмент. Задоволството на купувачите и клиентите е нашата главна заложба и фокус. Бадел 1862 АД Скопје дејствува според принципите на одржлив и континуиран развој. Заштитата на околината претставува предуслов за развој на компанијата воопшто.Во својот развој водиме сметка за вкупниот прогрес на заедницата и територијата на која работиме. Во Бадел 1862 АД Скопје се негува општествената одговорност на компанијата како инструмент за позитивни промени во работењето, која се базира на економските, социјалните и еколошките начела. Транспарентниот и коректен однос кон општествената заедница е еден од нашите приоритети. Пиј малку пиј добро е нашиот познат слоган кој е инкорпориран во нашата мисија, и воедно го претставува нашето залагање за одговорно однесување и високо ниво на културата на живеење. Имплементирањето и иницирањето на сите законски заложби за одговорност во културата на конзумирање алкохол се вредности инкорпорирани во нашето работење.

Микро компании [0-9]
(2115)
Мали компании [10-19]
(158)
Мали компании [20-49]
(91)
Средни компании [50-249]
(53)
Големи компании [>250]
(13)
Фирми кои вршат извоз
А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш 1 2 3 4 5 6 7 8 9 0