Земјоделство, шумарство и рибарство (32)
Рударство и вадење на камен (8)
Преработувачка индустрија (320)
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (16)
Снабдување со вода; Отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (18)
Градежништво (178)
Трговија на големо и трговија на мало; Поправка на моторни возила и мотоцикли (946)
Транспорт и складирање (335)
Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (91)
Информации и комуникации (66)
Финансиски дејност и дејности на осигурување (10)
Дејности во врска со недвижен имот (35)
Стручни, научни и технички дејности (137)
Административни и помошни услужни дејности (62)
Јавна управа и одбрана; Задолжително социјално осигурување (0)
Образование (18)
Дејности на здравствена и социјална заштита (76)
Уметност, забава и рекреација (14)
Други услужни дејности (68)
Дејности на домаќинствата како работодавачи; Дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби (0)
Дејности на екстратериторијални организации и тела (0)

 

ЦИВКОН АГИ ДОО Скопје

Друштво за градежништво,инженеринг,трговија и услуги ЦИВКОН АГИ ДОО увоз-извоз Скопје

Изградба на станбени и нестанбени згради
Шифра на дејност: 41.20
Место: СКОПЈЕ - ГАЗИ БАБА
Општина: ГАЗИ БАБА

Адреса: РОМАНИЈА ББ-Комплекс/Газела
civkon.mk
contact@civkon.mk


Контакт ЦИВКОН АГИ Ул. Романија бб (Комплекс Газела) П.фах 750 1000 Скопје, Македонија Тел:+389 (0)2 2551611 Факс:+389 (0)2 2551611 contact@civkon.mk За нас Историја Цивкон АГИ доо е градежна компанија стручна за изведба на објекти од секаков тип. Kога истата ќе се погледне од страна на тимот кој што работи за оваа организација, во ЦИВКОН АГИ доо е втемелено знаење и работно искуство од преку 20 години. Долгогодишното работно искуство, експертизата и знаењето на тимот на компанијата е она кое што претставува темел на оваа организација. Тој овозможува остварување на компаниската цел: ЦИВКОН АГИ да прерасне во препознатлив бренд во Македонија и регионот. Потврда дека ЦИВКОН АГИ своето работење го темели на процеси и процедури со потврден квалитет е имплементирањето на ISO стандардите уште од самиот почеток на функционирање. Сертификација Досега, со обем на сертификација во проектирање, изведба, надзор и одржување на објекти од нискоградба и високоградба во градежништво и енергетика воспоставени се: Систем за управување со квалитет ISO 9001:2008 Систем за управување со животната средина ISO 14001:2004 Цели Основните цели на оваа организација се: - Да градиме денес со методи од иднината - Во Македонија и регионот да го воведеме стандардот на изградба т.н.Пасивна куќа, што за ова поднебје ќе знача и еден нов начин на изведба на градбите. Пасивните куќи се долгорочни пријатели на животната средина, намалувајќи го нејзиното загадување до висок максимум. - Обединување на сите сегменти кои се потребни за изведување на Пасивни куќи и енергетско ефикасни објекти. Имплементирајќи го стандардот Пасивна куќа, да дадеме придонес во намалувањето на емисијата на киселите гасови во атмосферата. - Овозможување на сите заинтересирани страни да ја согледаат значајноста од ваков начин на градење и тоа на глобално ниво неизоставајќи го елементот на индивидуалната придобивка на секој инвеститор преку инвестиција во Пасивен објект. На пазарот на Македонија и пошироко да му овозможиме во реалното секојдневие да ги запознае и искористи можностите и комфорните услови на живеење кои ги дава и нуди експлотацијата на една Пасивна Куќа. Визија Ја почитуваме традицијата на вековното македонско градителство познато ширум светот и истовремено правиме совршена синтеза со најновите научни дострели. Затоа нашата визија е: „Да ги надминеме очекувањата на нашите клиенти за квалитет, испорака, трошоци и цена на чинење преку континуирани подобрувања и интеракција со клиентите“ Мисија „ Се грижиме нашиот тим од професионалци да бидат партнери со секој сопственик на проект со цел да се постигне заедничката цел за успешно и навремено завршување во рамките на планираниот проектен буџет. Го цениме и почитуваме сечиј личен приод, флексибилност и брз одговор на задачите “. За реализирање на зацртаната мисија, работиме напорно за да ги реализираме соништата на нашите клиенти. Со нашиот труд, искуство и знаење ги претвораме нивните визии во реалност. Тим МЕНАЏМЕНТ м-р Габриела Крстевска Магистер по наука - Менаџмент на човечки ресурси, стекнато звање при ИСППИ, Скопје. На истиот Институт е моментално докторант со сферата на менаџментот. Според додипломско образование е дипломиран економист. Комбинирајќи ги практичното искуство и паралелното континуирано учење, успева да го спои корисното од теориите за менаџментот со реалните случувања и практиките во бизнис светот. Располага со долгогодишно работно искуство во областа на стратегискиот менаџмент, финансиското раководење, надворешно трговско работење .... м-р Андреј Андреев Магистер по наука - градежништво, звање стекнато на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Дипломиран градежен инженер на истиот Универзитет веќе од 1993 година. Во 1997, на Универзитетот Johan Wolfgang Goethe во Франкфурт-Германија, се стекнува со МБА за Проект Менаџер, а во 2012 се здобива и со престижната диплома за сертифициран инженер за Пасивни куќи, која ја издава Институтот за пасивни куќи во Дармштадт, Германија со што е единствен во државата а и еден од ретките сертифицирани инженери на Балканот. http://www.passivhausplaner.eu/englisch/phplaner/planersuche.php?clandc=1&clandv=Macedonia Располага со големо и меѓународно професионално искуство во областа на проектирање, управување и изградба. Политика за квалитет ЦИВКОН АГИ Скопје е градежна компанија, која своите деловни активности ги базира на Изведба и планирање на градежни проекти од нискоградба и високоградба, од типот на Изградба на Куќи, Деловни објекти, Згради како и Проектирање и Надзор на градежни проекти од нискоградба и високоградба. Во остварување на своите деловни активности, ЦИВКОН АГИ Скопје се обврза да негува одговорен пристап кон инвеститорите, потрошувачите, вработените, добавувачите, општествената заедница и сите другите заинтересирани страни. За таа цел, ЦИВКОН АГИ Скопје воспостави ефективен интегриран систем за управување со квалитет, животната средина, се со цел за да: • Ги исполниме сите барањата на меѓународните стандарди ISO 9001:2008 и ISO 14001:2004; • Одговорно и навремено ги изведеме сите превземени работи и проекти; • Создадеме коректни односи со инвеститорите и добавувачите, како и позитивно влијание за нивно унапредување и обезбедување на квалитетни и безбедни производи и услуги, преку постојана влезна контрола и интерна проверка; • Обезбедиме ресурси за одржување, континуирано подобрување и унапредување на воспоставениот интегриран систем за управување; • Континуирано ги следиме и усогласуваме нашите деловни активности со законските барања и барањата на инвеститорите; • Обезбедиме адекватни работни услови, здравствена заштита и заштита при работа; • Создадеме мултидисциплиниран тим, составен од обучени и мотивирани експерти и инженери. За таа цел вложуваме во стручното континуирано доусовршување на сите вработени во рамките на нивните одговорности и овластување, како и водиме грижа за интересите на нашите вработени и постојано ја унапредуваме добрата заедничка соработка; • Ги идентификуваме и елиминираме сите потенцијални ризици кои можат негативно да влијаат на нашите производи и услуги, организација, вработени, заедница, климатските промени, животната средина и безбедност и заштита при работа; • Да ја заштитиме животната средина преку систем на мониторинг и контрола на аспектите на кои влијаеме, со што превентивно делуваме со нашите деловни активности да ги исполниме планираните програми, цели и задачи; • Постојано да ја подобрување ефективноста и ефикасноста на имплементираниот интегриран систем за управување преку процес на интерни и екстерни проверки; • Имаме квалитетна соработка со сите надворешни организации и институции за позитивен придонес во развојот и унапредувањето на општествената заедница. Скопје, Ноември 2011 година Управител м-р Габриела Крстевска

Микро компании [0-9]
(2115)
Мали компании [10-19]
(158)
Мали компании [20-49]
(91)
Средни компании [50-249]
(53)
Големи компании [>250]
(13)
Фирми кои вршат извоз
А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш 1 2 3 4 5 6 7 8 9 0